Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади денеска прогласи „победа“ врз Исламската држава во Мосул, соопшти неговиот кабинет.
Во соопштението се наведува дека, Абади, кој е врховен командант на ирачките вооружени сили, пристигнал во ослободениот град Мосул.
Абади им честитал на „херојските борци и ирачкиот народ за големата победа“.
Ирачките сили, со воздушна поддршка од коалицијата предводена од САД, од 17 октомври минатата година се обидуваат да го преземат Мосул од ИД.