Премиерот на Ирак, Хајдер ал Абади објави денеска почеток на операција за ослободување на западниот дел од градот Мосул од терористичката ИД.
– Командантот на оружените сили, премирот на Ирак Хајдер ал Абади објави почеток на операцијата за ослободување на западниот дел од Мосул, се вели во соопштение од неговиот Кабинет. Првостепена задача останува спасување на жителите на Мосул од рацете на терористите на ИД, нагласува Ал Абади.
Според податоци на ОН, во зпаден Мосул има околу 750 илјади луѓе. Копнената операција за ослободување на вториот по голимина град во Ирак почна во октомври минатата година. На 24 јануари беше соопштено дека источниот дел од Мосул е целосно ослободен од ИД.
Координаторката на ОН за хуманитарна помош на Ирак, Лиз Гранд изјави вчера дека е можно околу 400 илјади луѓе да го напуштат градот поради воените дејствија.