Ирачките сили убиле околу 100 борци на џихадистичката група Исламска држава при воздушни напади во Мосул, објави денеска телевизијата „Ал Џазира“.
Според телевизијата, ирачката војска ослободила 11 населени места во близна на Мосул и преземала целосна контрола врз квартот Кокџали.
Копнената операција за ослободување на Мосул, кој е заземен од ИД во 2014 година, започна на 17 октомври. Освен безбедносните сили на Ирак, во неа учествуваат и курдски формации и меѓународната антитерористичка коалиција, предводена од САД.