Ирачки пилоти кои се придружиле на Исламска држава во Сирија вршат обука за пилотирање во трите запленети воени авиони на припадниците на таа џихадистичка организација, објави Сириската невладина организација за човекови права.
– Тие управуваат авиони над сирискиот воен аеродром во северната провинција Алепо која ја зазедоа, изјави Рами Абдулрахман, претеседател на таа организација.
– Имаат свои инструктори, ирачки офицери кои биле пилоти за време на режимот на Садам Хусеин. Луѓе виделе како летаат тие авиони над аеродромот, изјави тој.
Не е јасно дали авионите се опремени со оружје ниту дали пилотите може да управуваат со авионите на долги релации. Авионите според очевидци, наликуваат на Миг-21 и Миг-23 и запеленети се од сириската армија.