Ирачки Парлaмент: Експремиерот Малики е одговорен за паѓањето на Мосул во раце на ИД

Од:

Ирачка парламентарна истражна комисија ги утврди поранешниот премиер Нури ал Малики и 35 други претставници на власта како одговорни за паѓањето на вториот по големина ирачки град Мосул во раце на џихадистичката група Исламска држава, пренесува Танјуг..

Неколку ирачки пратеници го потврдија споменувањето на Малики во извештајот, поранешен ирачки премиер, во периодот од 2006 до 2014 година.

Клучниот северен ирачки град беше заземен од Исламска држава во нејзината молневита офанзива во јуни минатата година.

Извештајот на истражната комисија му е предаден на претседателот на Парламентот, Салим ал Џабури. Тој соопшти дека документот ќе послужи како основа за поведување судски предмети против виновниците за паѓањето на Мосул.

-Никој не е над законот, сите треба да дадат отчет пред народот и правосудните органи ќе ги казнат одговорните, подвлече Џабури.

Според неколкумина експерти, Малики, како командант на ирачките вооружени сили, се обидел да ја централизира контролата врз нив и одиграл важна улога во слабеењето на армијата. Поранешниот премиер шиит, освен тоа, против себе насочил голем дел од Владата на сунитското малцинство – дел од исламот што го проповедаат џихадистите од Исламска држава.

Ирачката армија минатата година на неколку места беше уништена од џихадистичката група.

Актуелниот премиер Хајдер ал Абади денеска го одобри изведувањето пред воен суд на командантите на армијата, кои на своите единици им наредиле да се повлечат од градот Рамади, спротивно од неговите инструкции.

Главниоит град на западната провинција Анбар во мај годинава беше заземен од Исламска држава.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак