Американското Министерство за одбрана соопшти дека ирачките воено-воздухопловни сили во операција против Исламска држава првпат користеле авиони-ловци Ф-16, купени од САД.
Потпаролот на Пентагон, Питер Кук изјави дека Ирак успешно ги користел модерните авиони во кампањата против џихадистичката група. Тој не откри повеќе детали за операцијата.
Првите четири ловци Ф-16 му беа доставени на Ирак во јули, а според планираното ќе добие уште такви авиони.