Ирачката Влада заседаваше вчера во Ербил, главен град на курдската автономна област, во обид да намали тензии меѓу премиерот Нури ал Малики и курдскиот лидер Масуд Барзани.
Багдад и Ербил имаат несогласувања за редица прашања меѓукои и за приходите од нафта и територијални спорови. На средбата според американски медиуми, не е постигната никаква согласност, но Барзани го оквалификува настанот како „важна посета“.
– Тоа е почеток за решавање на сите проблеми, изјави тој на прес конференција заедно со Малики по седницата на министерскиот совет. Малики додаде дека „е неопходна волја за решавање на проблемите“.
Тоа е прва посета на малики во Ербил од ноември 2010 година.
Портпаролот на Малики, Али Мусауи изјави дека се очекува и седница на министерскиот совет и во провинцијата Анбар населена главно со сунити каде од крајот на декември непрекинато има антивладини демонстрации. Тој не прецизира за датум за таа седница.