Ирачката армија почна со воздушни напади на градот Тал Афар, контролиран од ИД

Од:

Ирачката армија почна воздушни напади врз градот Тал Афар, што е под контрола на групата Исламска држава, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на телевизијата Ас Сумарија.

Телевизијата, стационирана во Багдад, го цитира портпаролот на Министерството за одбрана. Тој, пак додал дека копнениот напад за ослободување на Тал Афар, град лоциран на 80 километри западно од Мосул, ќе почне по завршувањето на воздушната кампања.

Пред да биде заземен од џихадистите на Исламска држава,во 2014 година, градот имаше околу 200.000 жители. По соборувањето на режимот на Садам Хусеин во 2003 година во него неколку пати избувнуваа насилства меѓу сунитите и шиитите. Некои од највисоко позиционираните команданти на џихадистичката група се родени во Тал Афар.

Минатиот месец ирачаките владини сили од рацете на Исламска држава го повратија градот Мосул, вториот по големина град во земјата, по главниот град Багдад. Кампањата за неговото ослободување траеше девет месеци. Багдад како своја следна цел во борбата против џихадистите го набележа ослободувањето на Тал Афар.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак