Ирачката армија соопшти дека делегација на вооружените сили на Ирак на највисоко ниво денеска ќе биде во посета на соседен Иран со цел „координација на воените напори“.
Не е прецизирана целта на посетата, но се верува дека е дел од возвратни мерки кои владата во Багдад ги презема откако во понеделникот во северниот курдски дел од Ирак се одржа референдум за независност.
Иран и Турција се противат на какви било чекори кои водат кон одвојување територии на кои живеат Курди и оти нивните армии во изминатите неколку дена почнале вежби во близина на границата со ирачки Курдистан.