Сулејман Величенствениот: Турција ќе биде слободна!

Од:

Ѕвездата на една од најгледаните серии на Балканот, Халит Ергенч познат по улогата на Сулејман Величенствениот, вели дека на демонстрациите излегол против конзервативната влада на Ердоган, поради неправдите и додава дека нема да се откаже од протестот и покрај притисоците.

sultan_sulejman

Во интервју за српски Курир тој открива дека токму неправдата го натерала да излезе на улица и додава дека е против исламизација на земјата.

– Од повеќе страни ми порачуваат дека не е паметно ова што го правам, но таквите притисоци сами не поттикнуваат да истраам во своите намери, вели Халит.

Немате намера да се откажете?

– Да сакав да се откажам, не би излегол на улица. Мислам дека се во животот треба да се истрае до крај. Сите притисоци кои ги трпам можат да бидат дополнителен ветар кој ќе ми помогне.

Зошто одлучивте да излезете на улица?

– Неправдата ме натера! Како некој кој е многу приврзан за својот народ и држава, реагирав онака како што мислам дека е исправно и тоа е најмалку шти можам да направам.

Бевте на чело на колоната. Се стекнува впечаток дека ги предводевте демонстрациите?

– Впечатокот може да биде ваков или онаков, а јас можам да бида прв или последен на колоната. Пораката е истата – насилството над било кого, особено врз сопствениот народ, не може да се толерира.

Што ги предизвика демонстрациите?

– Јасно беше дека не се во прашање дрвата во паркот Гези, тоа беше само капка која ја прели чашата.  На браќата, сестрите, синовите и ќерките не смеете да кренете пендрек, да им фрлите солзавец, да ги тепате или убиете. Истите тие луѓе ве донеле вас на позицијата на која што сте сега и најмалку што можете да направите е да ги слушнете нивните барања.

Дали исламизацијата на секуларна Турција е една од причините за протестите?

– Сите ние можеме, а и не мораме да бидеме верници, никој не смее да наметнува религија. Ако нашите родители се залагале за секуларна држава и ако како таква одлично функционира, зашто да не остане?

Дали ќе останете на улица додека не падне владата?

– За власта и за луѓето кои ја водат државата отсекогаш одлучувал народот, па така ќе биде и сега, не сум јас тој кој треба да каже. Ќе бидам со својот народ и на улицата додека има потреба и на секоја неправда ќе одговорам со протест.

Дали им замерувате на колегите кои не ви се придружија?

– Излегов со својата сопруга, а слушнав дека тоа го направиле и некои колеги. На крајот сите ние во животот работиме според сопствената совест, па не сакам никому да замерам.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски