Интервју на Сталин од 1934: Американскиот капиталистички систем води кон анархија

Од:

Британскиот писател Херберт Џорџ Велс во 1934 година заминал во Москва со цел да се сретне со советските писатели, кои биле заинтересирани за приклучување во Меѓународниот ПЕН клуб. Додека престојувал таму, успеал да направи интервју со лидерот на СССР, Јосиф Сталин за состојбата во политиката во светот.

Ова е дел од тој разговор.

Велс: Многу сум Ви благодарен што се согласивте да се сретнеме. Неодамна бев во САД и долго разговарав со претседателот Рузвелт и се обидов да ги утврдам неговите основни идеи. Сега дојдов кај Вас, да Ве прашам што правите за да го промените светот?

Сталин: Не многу.

Staljin-i-Cercil

Велс: Патувам секаде низ светот како обичен човек и како таков се обидувам да набљудувам, што се се случува околу мене.

Сталин: Важна јавна личност како Вас не може да биде обичен човек. Секако само историјата ќе покаже колку некоја личност, била важна. Во секој случај, Вие на светот не гледате како обичен човек.

Велс: Не глумам скромност. Сакам да кажам дека се обидувам да го согледам светот од агол на обичниот граѓанин, а не странски политичар или одговорен раководител. Посетата на САД, интелектуално ме возбуди. Стариот финансиски свет се урива, а економскиот живот во државата поставува нови стандарди. Ми се чини дека во САД, во тек е длабока реорганизација, основање на социјалистичко стопанство. Вие и Рузвелт тргнавте од различно појдовни точки, но зарем не постои блискост на идеите помеѓу Москава и Вашингтон? Таму ме заинтригира она што го гледам и кај Вас. Се отвораат канцеларии, создаваат нови регулаторни тела, се организира потребна државна служба. Нивната потреба е директивна способност.

Cercil-Ruzvelt-Staljin

Сталин: САД имаат поинаков цел од оној, кој ние се обидуваме да го создадеме во СССР. Целта кон која Американците тежнеат настана од економски неволји.Тие сакаат да се ослободат од кризата, врз основа на приватна капиталистичка активност, без промени на економските бази. Сакаат да ја ограничат штетата, губитоците предизвикани од постојниот економски систем. Овде наместо старата, создадена е сосема поинаква, нова економска база. Дури и Американците кои ги споменувате, делумно да ја постигнат својата цел, нема да го уништат делот од анархијата, која што е вградена во постоечкиот капиталистички систем. Тие го чуваат економскиот систем, кој неминовно води, бидејќи поинаку не може да биде, до анархија во производството. Во најдобар случај ништо нема да се промени, нема да се укине стариот општествен систем, кој поттикнува анархија и кризи, туку ограничување на некои нови ексцеси. Може Американците субјективно да мислат како ќе го реорганизираат општеството, но објективно тие ја чуваат постоечката база на општеството. Од тие причини, објективно нема да има никакви промени.

Велс: Се согласувам со голем дел од она што го рековте. Меѓутоа сакам да нагласам дека, доколку државата во целина усвои принцип за планско стопанство, доколку постепено, чекор по чекор започне доследно да применува принцип, финансиската олигархија на крај ќе биде укината и ќе се оствари социјализмот во англосаксонска смисла.

Сталин: Кога зборувам за неможно остварување на принципи на планско стопанство со зачувување на економските бази на капитализмот, ни најмалку не сакам да ги намалам Рузвелтовите лични квалитети, храрост и одлучност. Тој без сомнение се издвојува како една од најсилните личности меѓу лидерите на современиот капиталистички свет. Затоа уште еднаш би истакнал дека моето уверување, дека планското стопанство во капиталистички услови би било неостварливо, не значи дека се сомневам во личните способности, талентот и храброста на претседателот Рузвелт. Но кога Рузвелт или кој било друг лидер од современиот буржоаски свет тргне да преземе нешто сериозно против основите на капитализмот, неизбежно ќе доживее целосен пораз.

staljin-BArchBot

Не смееме да ја заборавиме функцијата на државите во буржоаскиот свет. Државата е институција која организира одбрана, одржува ред, таа е апарат за собирање данок. Капиталистичката држава не се занимава многу со стопанството во тесна смисла, кое не е во раце на државата. Туку напротив државата е во раце на капиталистичкото стопанство. Затоа се плашам дека и покрај своите способности Рузвелт нема да ја постигне целта за која Вие зборувате, доколку тоа навистина е негова цел. Можеби по неколку генерации ќе може да се приближи до тоа, но лично сметам дека дури ни тоа не е веројатно.

Велс: Зарем нема голем број сиромашни луѓе, кои работат и тоа продуктивно?

Сталин: Секако, постојат, занатчии, мали трговци, но за судбината на држава не одлучуваат тие туку работничките маси кои го произведуваат сето она што на општеството му е неопходно.

Велс: Постојат разни капиталисти. Оние кои мислат само на профит и богатство, но и оние кои се подготвени да се жртвуваат. Да го земеме примерот со стариот Џеј Пи Морган. Тој мислеше само на профит, беше општествен паразит, едноставно речено само акумулираше богатство. Но да го погледнеме Џон. Д. Рокфелер. Сјаен организатор, пример кој треба да се следи. Хенри Форд е себичен, но страстен организатор на рационално производство од кого може да се учи. Сакам да го истакнам фактот дека во државите од англиско говорно подрачје, во последно време се менува ставот кон СССР.

H.G.-Wells-c1890

Сталин: Кога зборувам за капиталисти кои тежнеат исклучиво кон профит и збогатување, не сакам да кажам дека тоа се најбезвредните луѓе кои не се способни за ништо друго. Многумина од нив без сомнение имаат голем организациски талент, кој ни случајно не го доведувам во прашање. Ние учиме од капиталистите. Морган кого Вие толку неповолно го оценувате, без сомнение е добар и способен огранизатор. Но доколку мислите на луѓето кои се подготвени да го реконструираат светот, нема да ги пронајдете во редовите на оние кои верно и служат на профитната цел. Ние и тие стоиме на спротивни страни.

Велс: Се сеќавам на состојбата со техничката интелигенција од пред неколку децении. Во тоа време таа беше многу мала, но имаше работа и секој инженер, техничар и интелектуалец ја пронајде својата можност. Затоа техничката интелигенција, беше најмалку револуционерна класа. Сега има изобилство од интелектуалци и нивниот менталитет значително се промени. Квалификуваниот човек, кој порано не би ги слушал револуционерните приказни, сега е заинтерсиран за нив.

Сталин: Да го знам тоа. Тоа може да се објасни со фактот дека капиталистичкото општество е во ќор сокак. Капиталистите бараат но не може да пронајдат излез, кој нема да го повреди достоинството на оваа класа. Би можеле во извесна мерка да клекнат на колена, но не можат да пронајдат решение, кое би им овозможило да станат со крената глава. Тоа секако го разбираат широките кругови на техничка интелигенција.

titoville-com

Велс: Доколку некој знае нешто за револуциите тогаш тоа сте Вие. Дали граѓаните некогаш може да се кренат?

Сталин: За да дојде до револуција, потребно е предводничко револуционерно малцинство, но и најталентирано, најверно и најенергично малцинство ќе биде беспомошно, доколку не може да се ослони на пасивна поддршка од милиони.

 

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот