„Интервистас консалтинг“ ќе изработува студија за национален авиопревозник

Од:

Холандска „Интервистас консалтинг Б.В.“ (InterVISTAS Consulting B.V) во наредните четири месеци треба да изработи физибилити студија за можноста за воспоставување национален (редовен) авиопревозник во Македонија.

Министерството за транспорт и врски денеска соопшти дека со „Интервистас консалтинг“ е склучен договор за изработка на физибилити студија избрана за најповолен економски оператор.

Студијата треба да даде јасна слика која ќе покаже дали има економска исплатливост и под кои услови ќе може да се формира, односно воспостави национален авиопревозник.

Избраниот консултант треба во рок од 60 дена да ја заврши првата фаза од студијата. Доколку студијата од првата фаза покаже физибилност, компанијата има обврска во рок од дополнителни 60 дена да ја заврши и втората фаза.

– Владата на Република Македонија и понатаму останува целосно посветена на реализирање на цврстата определба кон идејата за воспоставувење национален авиопревозник, како и продолжување на трендот на позитивните политики насочени во развојот на воздушниот сообраќај во нашата држава, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

За подготовка на студијата за економска исплатливост, според огласот за избор на консултантот објавен во ноември лани, е планирано да се потрошат околу 160.000 евра, без вклучен ДДВ.

Покрај изработка на студијата, според најавите, консултантот ќе треба да анимира реномирани странски авиокомпании во пронаоѓање интерес да станат македонски национален авиопревозник, но и да ја советува македонската Влада во текот на целата постапка за пронаоѓање квалитетна и издржана понуда за успешно спроведување на проектот.

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина