Интервентни единици и војска се распоредуваат во центарот на Минск

Од:

Белоруски интервентни единици и воени сили пристигнуваат во центарот на Минск, а припадници на интервентната полиција се упатија по Авенијата Независност кон центарот на градот, јавува ТАСС.

Автобуси со интервентна полиција може да се видат во близина на плоштадот Независност, меѓутоа сè уште не е блокирана ниту една улица додава агенцијата.

Белорусија одржа претседателски избори на 9 август, а според првичните резултати, претседателот Александар Лукашенко доби поддршка од 80,08 проценти од гласачите. По објавата на резултатите, во Минск и други градови во Белорусија избија протести, на кои, според властите, уапсени се околу 2000 незадоволни граѓани.

Би можело да ве интересира

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Белорусија ја обвини Литванија дека ги финансирала силите за соборување на владата во Минск

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Во Белорусија, први избори од 2020 година, лидерот на опозицијата е во егзил: Тоа е фарса, шоу, циркус

Горан Наумовски

Лукашенко сака патроли со огнено оружје на белоруските улици