Интерпол: Шверцот на фалсификувани лекови во светот драстично зголемeн

Од:

Шверцот на фалсификувани лекови во светот се зголемил драстично, изјавија експерти, кои учествуваа на саминар, организиран од амбасадата на Франција во Вашингтон.

Постојат криминални мрежи, кои според некои проценки држат до десет проценти од светскиот пазар на лекови, изјави директорот на Интерпол Миреј Балестраци.

Заменик-директорот на Интерпол Алин Плансон додаде дека во Африка 30 до 40 проценти од продаваните лекови се фалсификувани.

Според Светската здравствена организација околу половината од продаваните лекови преку Интернет се фалсификувани. Најчесто се фалсификуваат лекови за потенција, како што е „вијагра“.

Годишно 200.000 луѓе во светот умираат поради фалсификувани лекови против маларија.

За борбата против овој феномен е неопходна меѓународна соработка, се согласија експертите.

Би можело да ве интересира

Кичевчанец шверцувал петмина мигранти од Кина

Горан Наумовски

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

Турчин со македонско возило шверцувал мигранти од Грција

Косовската полиција заплени шверцувана стока од Македонија вредна 120.000 евра

Преку лажни профили на МВР и Интерпол се нуди помош за измамени во “Конти“, предупредува полицијата

Катерина Ѓуровски

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека