Интерпол објави потерница за Украинката осомничена за бомбашкиот напад во Монако

Од:

Интерпол објави црвена потерница по 39-годишната Украинка Анастасија Березовска, осомничена за обид за убиство во бомбашкиот напад во Монако, чија цел бил украинскиот тајкун Вадим Јермолаев.

Според Интерпол, Березовска има тетоважа на десната рака, темна коса и зборува германски јазик. Властите во Монако бараат нејзино апсење поради сомнение за обид за убиство и други кривични дела, а според извор на Ројтерс, осомничената во меѓувреме била забележана во Германија.

Заменикот на државниот обвинител на Монако, Морган Рејмонд, изјави дека експлозивната направа била активирана со далечински управувач, додека нејзините остатоци моментално се анализираат во Франција.

Истрагата првично била насочена кон лице кое изгледало како маж, но по прегледот на снимките од безбедносните камери и по изјавата на сведок, истражителите заклучиле дека станува збор за жена која се преправила во маж. Заедно со потерницата, Интерпол објави и фотографии на кои Березовска е снимена на улица, држејќи во левата рака предмет што наликува на електронски уред од кој излегува кабел.

Во експлозијата што се случи во понеделникот вечерта тешко беа повредени Вадим Јермолаев и неговата партнерка Ана Насобина, на која, според медиумските извештаи, ѝ биле ампутирани двете нозе.

Јермолаев, кој некогаш беше меѓу најбогатите Украинци, во 2019 година се откажал од украинското државјанство и добил кипарско. Од 2023 година се наоѓа под украински санкции, кои вклучуваат замрзнување на неговиот имот и забрана за финансиски трансакции во Украина во период од десет години.

Нападот предизвика силни реакции во Монако, а кнезот Алберт Втори го осуди како „грозоморен чин“ и порача дека сите безбедносни служби се ставени во состојба на зголемена готовност. Истрагата за мотивите и околностите на нападот е во тек.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад со балистички ракети на Киев, најмаклу шестмина мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија и се заканува на Велика Британија

ВИДЕО: Гори околината на Москва, жесток украински напад

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украина нападна длабоко во руска територија, Русија удри на Киев

Катерина Ѓуровски

Guardian: Кремљ пред одлука – регрутација или нова мобилизација?

Предраг Петровиќ

Дрон влезе во воздужниот простор на Летонија, го соборија авиони на НАТО

Катерина Ѓуровски