Интерпол бара итно апсење на рускиот милијардер Сергеј Пугачов

Од:

Интерпол денеска побара итно да биде уапсен рускиот милијардер Сергеј Пугачов, сопственик на повеќе имоти во странство, меѓу кои и францускиот синџир продавници за скапи прехранбени производи „Едиар“, објави меѓународната полициска организација.

Олигархот, што претходно беше близок до Кремљ, денеска живее во егзил во Лондон. Тој е ставен на црвениот список на Интерпол, со што се замрзнати неговите меѓународни сметки на барање на руското правосудство.

Милијардерот е обвинет за злоупотреби и измами во голем размер. Доколку се покаже за виновен, тој се соочува со затворска казна од десет години во Русија.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот