Интензивни улични борби во Северодонецк

Од:

Во клучниот источен град Северодонецк во тек се интензивни улични борби, а и украинската и руската страна веројатно ќе претрпат голем број жртви, соопшти британското Министерство за одбрана во најновиот разузнавачки извештај.

Сепак, руските сили не напредуваа на југот на градот, тврди Министерството.

Во соопштението се додава дека Русија напаѓа со своите артилериски и воздушни капацитети, во обид да ја совлада украинската одбрана.

Британското Министерство за одбрана тврди дека на Русија и снемуваат попрецизни модерни ракети и прибегнува кон тешки противбродски ракети против копнени цели во Украина, кои првенствено се дизајнирани да уништуваат носачи на авиони користејќи нуклеарна боева глава.

Кога се користат во копнен напад со конвенционална боева глава, тие се многу неточни и затоа можат да предизвикаат значителна колатерална штета и цивилни жртви.

Би можело да ве интересира

Русите ja враќаат територијата во Курск

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк

Русите ја зазедоа Михаиловка

(ВИДЕО) Зеленски: Голема битка за Курск, ситуацијата во Доњецк и Запорожје е тешка

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Украинците погодија складиште за нафта во самопрогласената Луганска република

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија жестоко ја нападна Одеса, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски