Според статистиките на Министерството за здравство во Белгија 96 отсто од креветите на интензивна нега во цела држава се зафатени. Слободни се само 86 што претставува помалку од еден кревет по болница.
И покрај охрабрувачките трендови во другите области како новозаразените, болниците во земјата се под огромен притисок, но не само поради Ковид-19, објаснуваат здравствените власти.
Проблемот е што бројот на пациенти што излегуваат од болница не го надоместуваат бројот на пациенти што влегуваат, а пикот на пациенти на интензивна нега сѐ уште не е постигнат, велат од министерството за здравство. Поради ова некои операции кои не се поврзани за коронавирусот се одлагаат, а земјата не може да додаде нови кревети поради тоа што нема доволно персонал.
Здравствените работници во Белгија една година апелираат на поддршка и разбирање бидејќи работат со максимален капацитет.