Делта-сојот стана доминантен во Германија и во Белгија

Од:

Новата делта мутација на коронавирусот стана доминантна во Германија, чиј удел првпат презеде доминација со 59 проценти, соопшти Институтот „Роберт Кох“.

Институтот посочува дека кај веќе две третини од позитивните ПЦР-тестови е утврдено дека станува збор за инфекција со делта мутација на Ковид-19, додека само кај една третина заразата е со „стариот“ алфа сој.

Уделот на алфа сојот се намали многу брзо од 91 процент кон крајот на мај, на 33 проценти кон крајот на јуни. Другите мутации во Германија моментно немаат никаква улога, наведува Институтот.

Институтот за јавно здравје на Белгија објави дека во првата недела на јули стапката на репродукција на Ковид-19 повторно надмина 1, што значи дека вирусот повторно забрзано се шири.

Кога стапката на репродукција на вирусот кога надминува 1 е знак дека заразата пребрзо циркулира помеѓу населението. Во првата недела на овој месец стапката е од 1,1.

Бројот на новозаразени во Белгија е зголемен за 70 отсто во споредба со претходната недела, додека стапката на позитивни тестови е зголемена за 53 отсто, соопштија властите.

Сепак бројот на хоспитализации и на смртни случаи продолжува да се намалува, што се должи на високата стапка на вакцинација во Белгија, која достигнува речиси 80 отсто од возрасното население.

Според портпаролот на кризниот штаб за Ковид-19 делта-сојот во Белгија сега сочинува 50 отсто од целокупниот број заразени.

Холандија, која меѓу првите земјите во Европската унија се откажа од речиси сите мерки за заштита од коронавирусот, повторно бележи голем пораст на новозаразени.

За помалку од две недели, дневниот број на позитивни тестови се зголеми речиси шестпати, од 550 случаи на 26 јуни на околу 3.700 вчера, јави Бета.

Најголем број нови инфекции се откриени кај млади луѓе, тинејџери и 20-годишници – старосна група која е последна во редовите за вакцинација и се уште не е вакцинирана или ревакцинирана.

Од друга страна, бројот на луѓе во болниците засега е се уште мал, благодарение на зголеменото ниво на вакцинација, особено постарите лица и граѓаните со други здравствени ризици, кои досега главно се имунизирани.

Би можело да ве интересира

Летово во Германија ќе може да се патува без тест и без потврда за вакцинација против Ковид-19

Германскиот Уставен суд ја одобри задолжителната вакцинација на здравствените работници

Белгиски научници открија како да го блокираат коронавирусот

Германија првпат по седум месеци нема смртен случај од Ковид-19

Во Германија завршува рокот на употреба на над 10 милиони дози вакцини против коронавирус

Германец примил 87 вакцини против ковид