Илјадници протестира во Брисел против ограничувањата воведени поради пандемијата

Од:

Илјадници демонстранти излегоа денеска на улиците во центарот на Брисел за да искажат незадоволство од засилените ограничувачки мерки против ковид, воведени од белгиската влада за да се спротивстави на скокот на инфекции и појавата на новата, загрижувачка варијанта омикрон.

Голем број полицајци во пресрет на демонстрациите беа организирани на улиците, откако претходните два протести беа насилни, со голем број уапсени и повредени лица.

Демонстрантите, некои со транспаренти „Слободна зона“ и „Доста е, доста“ и „Добив своја фер доза“, протестираат против силните препораки на владата за вакцинирање на населението, вклучително и здравствените работници, кои ќе имаат рок од три месеци да се вакцинираат против коронавирусот или ризикуваат да ги загубат своите работни места.

Протестите во Белгија се одржуваат ден по демонстрациите во другите главни градови, вклучувајќи ги Париз и Лондон. Земјите низ Европа повторно почнаа да воведуваат построги мерки за да се запре најновиот бран на инфекции со Ковид-19 поттикнат од новиот, високо пренослив сој омикрон. Холандија предводи со воведување „затворање“ на целата територија.

Светската здравствена организација неделава објави дека варијантата омикрон е евидентирана во 89 земји, а бројот на случаи на инфекција со Ковид-19 со овој сој се удвојува на секои ден и пол до три дена.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Пукање во центарот на Брисел: Четири лица се повредени

Горан Наумовски

Нови детали за терористичкиот напад во Брисел

ВИДЕО: Терористот од Брисел е мртов

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Терористот од Брисел застрелан во кафуле, не се знае дали преживеал

Катерина Ѓуровски