Институт за проучување на војната: Шефот на Вагнер го поткопува Путин

Од:

Во својата нова анализа на ситуацијата во Украина, Институтот за проучување на војната (ISW) тврди дека основачот на Вагнер групата, Евгениј Пригожин, можеби ненамерно, го поткопува рускиот претседател Владимир Путин. Пригожин објави серија видеа во кои тврди дека пристигнал на линијата на фронтот кај Бахмут за да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Понудите“ на Пригожин за преговори со Зеленски не треба да се сфатат сериозно бидејќи тој не зазема никаква официјална функција во Русија.

Сепак, ISW истакнува дека тоа не го спречува Пригожин да се претстави како истакната политичка и воена фигура во Русија. Забелешките на Пригожин најверојатно се одговор на понудите на Зеленски да преговара директно со Путин откако Русија ќе ги повлече своите сили од Украина.

„Појавувањето на Пригожин на фронтот дополнително ги ослабува напорите на Путин да се позиционира како воен водач, имајќи предвид дека Путин не ги ни посетил териториите под руска окупација, а особено не бил ни блиску до линијата на фронтот. Дополнителен проблем за Кремљ е тоа што рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кој тврдеше дека го посетил бојното поле на 17 декември, беше разоткриен од корисниците на социјалните мрежи.

Геолокацијата на видеото објавено од руското Министерство за одбрана од патувањето на Шојгу во Армјанск, Крим, покажа дека Шојгу всушност не бил на линијата на фронтот“, се наведува во анализата на Институтот.

Пригожин не го критикуваше директно Путин дека не се појавил на првите борбени линии, но неговата и посетата на Зеленски на првите линии го загрозуваат статусот на Путин како врховен командант.

Додека Кремљ се обидува да го подобри угледот на руското Министерство за одбрана, Пригожин прави огромни напори да го легализира Вагнер во Русија. Рускиот државен медиум РТ објави десетминутен извештај за Вагнер во кој го опишува основањето на паравоена организација од страна на Пригожин како обид за поддршка на „руските интереси“ и одбрана на „рускиот свет.

Би можело да ве интересира

Русија забележа рекордно време за чекање во јавниот превоз

Макрон: Ако Русија продолжи да го одложува и одбива мирот, мора да следи решителна акција

САД не и воведоа нови царини на Русија бидејќи не било соодветно додека траат преговорите за Украина

Горан Наумовски

Зеленски: Русија убива деца со балистика, ѓубрињата во Москва сакаат да ја продолжат војната

ФСБ уапси државјанин на Руската Федерација под сомнение за предавство

(ВИДЕО) Силен ураган во Русија, повредени се 11 лица