Институт РУСИ: Преселбата на британското нуклеарно оружје од Шкотска е многу тешка операција

Од:

Преселбата на британските нуклеарни подморници „Трајдент“ и нивното оружје од Шкотска, каде сега се наоѓаат на некоја друга локација, е „исклучително тешка операција, но не и невозможна“, проценуваат експертите на лондонскиот Институт за воени прашања РУСИ.

Во анализата на Институтот се вели дека префрлањето на воената база со британското нуклеарно оружје надвор од Шкотска би било и помалку скапо, отколку што тоа досега се веруваше. Но се смета дека за една таква операција ќе бидат потребни барем десет години за да се изгради и обезбеди новата база.

Сепаратистите од шкотската национална партија (СНП) од порано најавуваат дека тие не сакаат нуклеарно оружје на територијата на „независна“ Шкотска, порачувајќи му на Лондон дека ќе треба да ја преселат базата во рок од четири години по стекнувањето на независноста.

Подморниците кои носат ракети со нуклеарни боеви глави сега се стационирани во поморската база Феслејн, во шкотската област Клајд.

Воените експерти на Институтот сметаат дека доколку Шкотска се отцепи од Велика Британија, по референдумот од 18 септември ,најсоодветни нови локации за нуклеарните подморнци се Милфорд Хејвн во Велс и Плимут во јужна Англија.

Проценките покажуваат дека целата операција би чинела околу 3,5 милијарди фунти, без трошоците за деконтаминација на сегашната локација во Шкотска. Ова е далеку помалку од првичните пресметки од 20 до 30 милијарди фунти.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот