Индискиот премиер повикува на билатерални разговори со Пакистан

Од:

Индискиот премиер Наренда Моди објави денеска дека е подготвен за билатерални преговори со Пакистан, но побара претходно соседната држава да создаде атмосфера за дијалог.

Во обраќање на сесија на ГС на ОН, Моди нагласи дека дијалогот треба да се состои без „сенка на тероризам“.

– Сакам да водам билатерални разговори со нив, но Пакистан е должен да создаде соодветна атмосфера, нагласи Моди.

Минатиот месец Индија се повлече од планираните мировни преговори за Кашмир поради намерата на Пакистан да се консултира со сепаратистите пред средбата.

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф вчера во обраќањето во ОН го критикуваше повлекувањето на Индија од преговорите.

Индија и Пакистан водеа три војни за поделениот хималајски регион Кашмир од независноста во 1947 година. Индија го обвинува Пакистан за помош на сепаратистите во борбата против индиските сили за безбедност.

Би можело да ве интересира

Имран Кан e осуден на 14 години затвор

Горан Наумовски

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски