Индиски научници открија нов вид коронавирус кај лилјаците

Од:

Во студија на Индискиот совет за медицински истражувања (ИЦРМ) се наведува дека е откриен друг вид на коронавирус кај лилјаците во Индија.

Околу 25 таканаречени овошни лилјаци биле позитивни на тестот за коронавирус наречен БтКоВ. Овошните лилјаци се населени во јужниот дел на Индија и во западниот дел на Хималаи.

– Овие лилјаци не се поврзан со САРС-КоВ2, што е причина за пандемијата со Ковид-19, изјави Прагиа Јадав од Националниот институ за вирусологија (НИВ) во Пуне и една од авторките на студијата.

Таа додаде дека се уште нема докази дека новооткриениот коронавирус може да предизвика болест кај луѓето.

– Лилјаците се сметаат за природен резервоар на голeм број вируси, од кои некои се потенцијално патогени за човекот… Потребна е континуирано активно набљудување за да се откријат нови вируси, што потенцијално би предизвикале епидемија, посочи Јадав.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати