Индија тврди дека Пакистан ги активирал камповите за екстремисти

Од:

Пакистан, во својот дел на Кашмир, ги реактивираше камповите за обука на 500 милитанти кои чекаат да бидат тајно распоредени во Индија, објави началникот на Генералштабот на индиската армија Бипин Рават.

Тој тврди дека камповите наводно се реактивирани, иако индиската авијација ги уништила во февруари годинава.

Од друга страна, високи официјални претставници на Пакистан ги негираа обвинувањата, но инсистираа на анонимност, бидејќи немаат дозвола да се појават во медиумите. Тие тврдат дека индиската влада и војска „користат лажна пропаганда заради поддршка на репресијата во индискиот дел на Кашмир“, каде што беше воведен полициски час на почетокот на август кога Њу Делхи го суспендираше специјалниот статус на регионот.

Би можело да ве интересира

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Имран Кан e осуден на 14 години затвор

Горан Наумовски

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски