Индија почнува со испорака на вакцини за соседните земји

Од:

Индија, еден од водечките светски производители на лекови, од денеска бесплатно ќе почне да снабдува шест соседни земји со вакцина против новиот коронавирус.

Првите залихи на вакцини во рамки на програмата за бесповратна помош пристигнуваат во Бутан, Малдиви, Бангладеш, Непал, Мјанмар и Сејшелите, потврди Министерството за надворешни работи.

Според Министерството, ќе бидат потврдени и нарачките за вакцини произведени во Индија од Шри Ланка, Авганистан и Маврициус, по одобрување од тамошните регулаторни тела.

Индиската агенција за лекови издаде итно одобрување за употреба на две вакцини против Ковид-19. Зелено светло доби вакцина изработена во соработка на Универзитетот Оксфорд и фармацевтската компанија „Астра Зенека“, како и вакцина од индиската компанија „Бхает биотек“.

Индија во саботата започна програма за вакцинација на околу 300 милиони луѓе.

Би можело да ве интересира

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени