Индија му одговара на Трамп: Нема да купуваме американски авиони

Од:

Индија се откажа од купувањето американски борбени авиони Ф-35 и дополнителна воена опрема.

Индиските власти работат на намалување на тензиите во односите со Соединетите Американски Држави, разгледувајќи ја можноста за зголемување на увозот на американска стока, првенствено гас, но владата на Моди веројатно нема да купи американска воена опрема, што беше едно од клучните барања на Доналд Трамп при постигнувањето трговски договор со Индија, објавува Блумберг.

Индија им кажа на американските претставници дека не е заинтересирана за купување на борбениот авион Ф-35, и покрај притисокот од Вашингтон за проширување на извозот на одбранбена опрема.

Наместо тоа, индиските претставници посочија дека Делхи останува посветен на моделот за набавка на одбрана што нагласува трансфер на технологија, локално производство и развој на домашни капацитети.

„Владата е повеќе заинтересирана за партнерство фокусирано на заедничко дизајнирање и производство на одбранбена опрема во земјата“, изјави еден функционер за Блумберг.

За време на посетата на Нарендра Моди на Белата куќа во февруари, Трамп понуди да ги продаде овие скапи борбени авиони на Индија. Сепак, според официјални лица, индиската влада е повеќе заинтересирана за партнерство фокусирано на заеднички развој и производство на одбранбена опрема во земјата.

Трамп вчера остро ја критикуваше Индија за нејзината соработка со Русија и најави воведување на царини од 25 проценти за индиската стока од 1 август.

Во меѓувреме, Москва ѝ понуди на Индија двоен пакет борбени авиони: ловецот од петта генерација Су-57Е и повеќенаменскиот ловец Су-35М. Предлогот го поднесоа рускиот државен одбранбен конгломерат Ростек и производителот на авиони Сухој.

Според информирани извори, руската понуда вклучува целосен трансфер на технологија за Су-57Е, со домашно склопување во Нашик, каде што веќе се произведени над 220 авиони Су-30МКИ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп се истури на Грета Тунберг: Таа е луда, и треба лекар

ВИДЕО: Трамп „да речеме, до некаде“, донел одлука за продажбата на ракетите Томахавк за Украина

Катерина Ѓуровски

Пожар во болница, загинаа најмалку шест пациенти

Горан Наумовски

Ако одбие да ја предаде контролата врз Газа, Хамас ќе биде целосно уништен, се закани Трамп

Катерина Ѓуровски

Не успеа во Портланд, па тргна на Чикаго: Трамп ја испрати националната гарда

Трамп откри како го натерал Нетанјаху да го прифати планот за Газа