Инцидент во британска нуклеарка, нема опасност за населението

Од:

Во британската нуклеарна централа Хејшам 1 во Ланкшир дојде до истекување на пареа, поради што тројца работници се повредени.

Операторот на електраната „ЕДФ Енерџи” соопшти дека пареата е „чиста” и оти нема опасност за населението.

„Тројца повредени колеги се пренесени во болница за лекување … Нема ризици по население, ситуацијата е сега под контрола”, соопшти „ЕДФ Енерџи”.

Британската канцеларија за нуклеарна регулатива (ОНР) соопшти денеска дека јотворила истрага за инцидентот.

На официјалниот сајт на нуклеарната централа се наведува дека и обата реактори се функционални.

„ЕДФ Енерџи” управува со 15 нуклеарни реактори во Велика Британија и тие произведуваат околу 20 отсто од електричната енергија во земјата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски