Инаугурација на новиот чешки претседател Милош Земан

Од:

Милош Земан, првиот чешки претседател избран на директни, непосредни избори денеска ќе положи заклетва и ќе стапи на функцијата, јави дописникот на МИА од Прага.

Свечената инаугурација на третиот претседател на самостојна Чешка ќе се одржи во Владиславската сала на Прашкиот замок на заедничка седница на двата Дома на чешкиот Парламент. Церемонијата, на која се повикани 626 гости ќе започне во девет часот, а еден час подоцна Земан ќе положи заклетва и ќе ја преземе функцијата.

Покрај пратениците и сенаторите, од кои некои го најавија своето отсуство би требало да присуствува и досегашниот претседател Вацлав Клаус со сопругата Ливија и Дагмар Хавлова, вдовицата на првиот чешки претседател Вацлав Хавел.

Поканети се и членовите на Владата, амбасадорите и претставници на црквата. Во текот на свеченоста, Земан ќе положи заклетва врз чешкиот Устав и ќе го одржи првиот претседателски говор.

Во Прашкиот замок, каде портата синоќа на полноќ се затвори, откако заврши вториот петгодишен мандат на досегашниот претседател Клаус денеска ќе се отвори по пристигнувањето на новиот претседател. Милош Земан е првиот чешки претседател избран од народот на директни избори. Во вториот круг, со значителна предност од 55 проценти освоени гласови го победи својот противник, актуелниот вицепремиер и министер за надворешни работи Карел Шварценберг, за кого гласаа 45 проценти од избирачите.

Би можело да ве интересира

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде