Јапонската министерка за одбрана Томоми Инада денеска го поддржа ставот на САД оти сите опции се на маса во спротиставувањето на Северна Кореја, вклучително и воени удари.
Таа наведе дека Токио сака да изгради посилен сојуз со Вашингтон, кој би можел да има регионална безбедносна улога.
– САД јасно ставија на знаење, како со зборови така и со дела, дека сите опции се на маса. Силно го поддржувам ставот на САД, истакна Инада на регионалната безбедносна конференција во Сингапур.