Пакистанската легенда во крикет Имран Хан го призна денеска поразот на својата партија на изборите, но го поздрави големиот одѕив како знак на политичко будење, пренесе БТА.
– Има победи и загуби, но болката од таа загуба целосно исчезна, кога го видов воодушевувањето меѓу младите, рече Хан во видео-обраќање, емитувано од повеќе тв канали, вклучувајќи ја и државната телевизија на Пакистан.
Тој го поздрави пакистанскиот народ „за страотниот демократски процес“, откако на изборите вчера гласаа милиони луѓе.
Од вторникот Хан се наоѓа во болница во градот Лахор поради скршеница на пршлен и ребро при пад на предизборен митинг.