Француската Влада најави дека сите членови на владата ќе достават имотни листи и истите ќе бидат објавени до 15 април, јави дописникот на МИА од Париз.
Француската Влада исто така најави еден нов закон со кој треба да се спречат конфликти на интереси, кој би требало да биде усвоен до ова лето.
Во меѓувреме ќе бидат објавени во јавноста пополнетите изјави за она што го поседуваат сите министри во владата најдоцна до 15. април.
Овие мерки за „морализирање“ на политичкиот живот беа ветени од страна на претседателот Франсоа Оланд, по политичкиот земјотрес предизвикан со аферата на непријавени банкарски сметки на поранешниот министер за буџет Жеро Каузак и гласините во францускиот печат дека во Швајцарија има сметки и шефот на француската дипломатија, вест која беше веднаш дематирана.