Имињата на добитниците на Пулицеровата награда ќе бидат објавени на 11 мај

Од:

В понеделник, 11 мај ќе бидат објавени добитниците на Пулицерова награда за новинарство и уметност откако настанот беше откажан поради пандемијата.

Првично, церемонијата требаше да биде одржана на 20 април, но беше одложена, а со тоа членовите на одборот имаат повеќе време да одлучат за добитниците.

Доделувањето на Пулицеровата награда традиционално се одржува во мај, но и таа ќе биде одложена, но се уште не е познат датумот.

Пулицерова награда се смета за највисоко признание во областа на новинарство, литературата и музиката, а ја доделува Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Наградите се доделуваат секоја година во 21 категорија.

Наградените добиваат парична награда, а победникот во категоријата за новинарство добива златен медал.

Пулицеровата награда ја воспоставил унгарско-американски новинар и издавач, Џозеф Пулицер, кој своето наследство го оставил на Универзитетот Колумбија по смртта во 1911 година.

Дел од средствата биле искористени за да се формира Универзитетот во 1912 година.

Првите Пулицерови награди биле доделени на 4 јуни 1917 година.

Некои од најпознатите добитници на наградата се Ернест Хемингвеј, Тенеси Вилијамс, Артур Милер, Јуџин Онил, Вилијам Фокнер, Џон Апдајк и други.

Би можело да ве интересира

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ