Именувањето на Џонатан Хил за еврокомесар е отстапка кон Британија

Од:

Поставувањето на британскиот политичар Џонатан Хил, поранешен лидер на Горниот дом на Парламентот во Лондон, за нов еврокомесар за финансиски услуги, во британскиот главен град се смета како „изнудено именување“ и како отстапка на Брисел и на новиот претседател на Европската комисија,Жан Клод Јункер,за да се задоволи Велика Британија.

Изборот на Хил кој е малку познат во британската политичка јавност,но важи за близок до премиерот Дејвид Камерон,се оценува и како победа на лидерот на конзервативците,затоа што тој покрена силна кампања,во полза на Хил и за тоа Велика Британија да добие едно од виталните економско-финансиски функции во новата „европска влада“.

Лондонски Сити е најголемиот финансиски центар во Европа,иако Британија не е членка на еврозоната,ниту го користи еврото како своја валута,па затоа се верува дека именувањето на еден британски политичар за еврокомесар,задолжен за работа и за функционирањето на финансискте центри и на финансиските услуги во ЕУ,е направено за да се задоволи Сити.

Ваквото решение доаѓа во време кога владата во Лондон се подготвува да отпочне „тврди и неизвесни“ преговори со Брисел околу идните односи со ЕУ,како и за вракање на дел од овластувањата што еднаш веќе и се префрлени на Европската Комисија.

Џонатан Хил кој како член на Домот на лордовите во британскиот Парламент ја има титулата лорд,изрази задоволство од изборот за еврокомесар,иако и тој е меѓу ториевските евроскпетици.

– Има многу работа што треба да се направи,за да се обезбеди стабилност и добра регулатива за европските финансиски пазари, изјави Хил во својата прва реакција по именувањето.

Ова не е првпат,Велика Британија во Брисел да испраќа „анонимен“ политичар.

Пред пет години, тоа се случи со баронесата Кетрин Аштон која тогашниот премиер Гордон Браун ја кандидираше за Висок претставник за надворешна политика и безбедност,без разлика што таа беше малку позната лабуристичка политичарка дури и во редовите на оваа британска партија.

И таа,како и Хил сега,се членови на Горниот дом на британскиот Парламент.

За разлика од британската пракса,другите земји членки, настојуваат во ЕК да бидат претставени од познати личности во нивните држави,па во новиот состав на Комисијата од 28 членови, има поранешни премиери,бивши и досегашни министри,како и седум „повратници„ на оваа најпрестижна функција во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство