Имам сведоци дека САД обучуваше касапи тврди основачот на Вагнер

Од:

Руската државна новинска агенција ТАСС објави текст во кој се цитираат тврдења на основачот на паравоена група Вагнер. Евгениј Пригожин, меѓу другото, вели дека има многу сведоци кои можат да ги инкриминираат САД. Пригожин рече дека задачата на САД е „да ја расцепат Русија на мали парчиња, а потоа да ја ликвидираат Кина и другите ривали“ за да останат најголемата и најмоќната земја во светот, а ги нарече и криминален синдикат.

Групата Вагнер засега е обвинета од украинската страна за многу воени злосторства и посебна бруталност. Нејзиното членство од ден на ден драстично се зголемува, а тие моментално учествуваат во интензивни битки околу стратешкиот град Бахмут.

„Имам многу тајни кои се толку вознемирувачки за Америка. Имам сведоци кои се сеќаваат како ЦИА го тренирала Осама бин Ладен, кој носел вреќи со пари и оружје за Исламската држава во Сирија и други. Тие тренирале касапи и терористи ширум светот рече Пригожин.

Затоа, ако некои го гледаат Вагнер како криминална организација, тогаш САД треба да се сметаат за најмоќниот криминален синдикат што постои во светот смета Пригожин.

„Вагнер не извршил никакви кривични дела“, заклучи тој. „Постојано се обидуваат да не обвинат за разни злосторства во различни делови на светот. Меѓутоа, за разлика од американските паравоени организации, Вагнерги уништува само непријателите на мирот и не врши злосторства.

Во петокот, координаторот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, рече дека САД одлучиле да ја назначат групата Вагнер како трнснационална криминална организација и најави дополнителни санкции против нејзините членови.

Ројтерс цитира извори кои велат дека рестриктивните мерки на американското Министерство за финансии ќе го замрзнат имотот на членовите на Вагнер и ќе им забрани на американските граѓани да имаат бизнис со нив.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ