„Илон пијан ли си, прочитај некоја книга“: Косовските политичари со жестоки навреди за споредбата на Украина и Косово

Од:

Предлогот на првиот човек на компанијата „Тесла“ и најбогатиот човек на светот, Илон Маск, во случајот со украинските територии кои Русија ги анектира по референдумот, да се примени искуството на Косово, наиде на бурни реакции меѓу албанските политичари на Косово.

Прва зборуваше потпретседателката на Демократската партија на Косово, Вљора Читак, која му кажа на Маск дека е пијан.

„Сериозно? Ти си пијан“, напиша таа на Твитер.

Нејзиниот сопартиец и поранешен министер за надворешни работи, Енвер Хоџај, предложи Маск да чита книги за подобро да ги разбере Косово и Украина.

„Прочитај неколку книги ако сакаш подобро да ги разбереш Косово и Украина. Србија изврши геноцид на Косово, додека Русија сака да земе земја што не и припаѓа. Го имаш рускиот наратив. Остани подалеку од ова ако не си добро информирани“, напиша Хоџај на Твитер.

И лидерот на Алијансата за ново Косово, Беџет Пацоли му порача на најбогатиот човек на светот да прочита пред да објави што било.

„Најдоброто нешто што можеш да направиш е да изградиш вселенски брод за раководството на Русија и Србија, бидејќи со нивното наследство од геноцид и војни тие станаа нездрави за земјата. Ако не можеш да го направиш тоа, подобро е да не се мешаш “ напиша Пацоли на Твитер.

Би можело да ве интересира

Маск со уцена до Киев: Договор за минералите или нема повеќе Старлинк

ВИДЕО: Маск мавташе со моторна пила на собир на конзерватицвите

Маск сподели видео од Лавров и го пофали: Вака изгледа компетентно раководство

Маск ја најави најпаметната вештачка интелигенција во светот

А1он

Маск: Да ги уништиме сите владини агенции

Мерц: Маск ќе се соочи со последици за мешање во германската изборна кампања