Илон Маск: Го продавам речиси целиот свој имот, нема да имам дом

Од:

Kанадскиот милијардер Илон Маск планира да го продаде речиси целиот свој имот, напиша денеска тој на „Твитер“.

– Го продавам речиси целиот свој имот. Нема да имам дом, објави Маск.

Тој, исто така, напиша дека цената на акциите на „Тесла“ е премногу висока. Цената на хартиите од вредност денеска се намали за 71,81 долар, достигнувајќи 710,07 долари.

Според извештајот на Институтот за политички истражувања, објавен на 23 април, сопственикот на „Тесла“ и „Спајс Икс“ од 1 јануари до 10 април оваа година станал побогат за пет милијарди долари. Една од причините за тоа е лансирањето на механичките уреди за вентилација на компанијата „Тесла“.

Последните проценки на „Блумберг“ покажуваат дека акциите на Маск надминуваат 39,7 милијарди долари. Тој се наоѓа на 22. место на листата на најбогати луѓе во светот. Неговите главни инвестиции се во алтернативни електрични средства и комерцијални вселенски услуги.

Би можело да ве интересира

Бразилски судија покрена истрага против Илон Макс

Катерина Ѓуровски

Илон Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот

(ВИДЕО) Американци и Русин тргнаа со ракетата на Маск кон вселенската станица

Маск: Нема шанси Путин да ја загуби војната во Украина

Маск: Вградивме чип во човечкиот мозок

Горан Наумовски

ВИДЕО: Лансиран Старшип на Илон Маск, Spacex загуби контакт со мега-ракетата

Катерина Ѓуровски