Поранешниот министер за надворешни работи на Финска, Илка Канерва е избран за претсеател на Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, на последниот ден од годишното заседание во Баку.
– Моја желба и лична амбиција е да го обновиме духот на Хелсинки, изјави Канерва, алудирајќи на основачкиот документ на ОБСЕ од 1975 година.
Мандатот на новозибраниот претседател на ПС на ОБСЕ е една година со можност за реизбор за уште една година.
На состанокот беа избрани и раководство на три генерални комитети – за политички прашања и безбедност, за економски прашања, наука, технологија и животна средина, и за демократија, човекови права и хуманитарни прашања.