Илјадници здравствени работници во Шпанија протестираа против приватизација на здравството

Од:

Илјадници здравствени работници вчера излегоа на улиците на шпанските градови за да изразат несогласување со идејата за приватизација на јавното здравство и побараа подобри услови за работа. Тие воедно им оддадоа почит на колегите кои починаа од коронавирус поради недоволна заштитна опрема.

Во бели мантили, со маски на лицето и одржување на растојание од метар и пол, демонстрантите се собраа на главниот плоштад во Мадрид, Пуерта дел Сол.

„Државната администрација нè потценува и понижува“, рече Џулијан Езкера, претседател на синдикатот на лекарите во Мадрид. Во Барселона стотици во бели мантили излегоа на улиците на повикот на платформата „бела плима“, собирајќи се пред зградата на регионалната каталонска влада. Тие побараа повисоки плати, подобри услови за работа и се спротивставија на препуштање на здравствените услуги на надворешни приватни компании. Тие предупредија дека кризата со коронавирус го направи јавниот здравствен систем уште покревок.

Во Шпанија секој петти пациент, заразен со коронавирус, е здравствен работник.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Словаците протестираат по втор пат за две недели барајќи оставка од премиерот Фицо