Илјадници православни верници за Велигден ги посетија црквите во Белорусија

Од:

Илјадници православни христијани во Белорусија денеска го прославија Велигден во црквите низ земјата, игнорирајќи ги повиците на здравствените власти и црковните великодостојници да останат дома и со тоа да го спречат ширењето на коронавирусот.

-Треба да се зачува традицијата на нашите родители, татковци и дедовци. Мислам дека не сме направиле никаква жртва со доаѓањето денеска овде. Верувам дека Бог ќе нè заштити, изјави верник во Соборната црква во Минск.

Британските медиуми пренесуваат дека Белорусија е една од ретките земји што не воведе мерки за изолација заради пандемијата со Ковид-19.

Според белоруското Министерство за здравство, досега починаа 47 лица од коронавирусот, а до петокот во земјата имаше регистрирано 4.779 заразени.

Би можело да ве интересира

Лукашенко потпиша указ за спроведување патриотско образование во армијата

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

(ВИДЕО) Моите противници се во затвор, ама вие сте тука – Лукашенко до новинар на Би-би-си

Александар Лукашенко потврди уште еден претседателски мандат

А1он

Лукашенко: Дали ги препознавате овие избори таму во ЕУ или не, е прашање на вкус – не ми е грижа за тоа

А1он

Лукашенко: Подобро диктатура како во Белорусија, отколку демократија како во Украина