Илјадници луѓе се евакуираат на Филипините пред налет на тајфун

Од:

Илјадници семејства беа евакуирани денеска од крајбрежните реони во источниот дел на Филипините поради тајфун што брзо наближува кон земјата, јави ДПА.

tajfun-filipini-15juli1

Првиот тајфун на Филипините за оваа година се очекува да помине прво над провинцијата Албај, на околу 340 километри југоисточно од Манила, соопшти метеоролошкото биро.

Над 27.000 семејства ги напуштиле домовете во најзагрозените реони на Албај, а најмалку 10.000 семејства се наоѓаат во засолништа во блиската провинција Јужен Камарини.

Максималната брзина на ветрот достигна 120 километри на час.

Метеоролозите предупредија дека стихијата може да предизвика поплави и големи триметарски бранови.

Најмалку 47 национални и четири меѓународни летови беа откажани, а 41 брод во 11 провинции не можеа да испловат поради лошото време.

Би можело да ве интересира

Најмалку четворица загинаа во авионска несреќа на Филипините

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати