Илјадници луѓе протестираат во Грузија пред инаугурацијата на новиот претседател

Од:

Илјадници луѓе учествуваа на протестите во Грузија во саботата пред денешната заклетва на новиот грузиски претседател Михаил Кавелашвили, додека претседателката во заминување Саломе Зурабишвили одбива да се повлече, тврдејќи дека изборите биле нелегитимни.

Илјадници грузиски демонстранти формираа „човечки синџир“ во главниот град Тбилиси, пред инаугурацијата на новиот претседател, поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, Михаил Кавелашвили, кој се смета за сојузник на владејачката партија Грузиски сон, објави Би-Би-Си.

Демонстрантите, веејќи грузиски и знамиња на ЕУ, формираа „човечки синџир“ кој се протегаше на километри. Зурабишвили синоќа изјави дека ќе преноќи во претседателската резиденција во Тбилиси, пред инаугурацијата на Кавелашвили. Таа ги повика приврзаниците да дојдат во претседателската резиденција денеска во 10 часот, каде што ќе ги соопшти плановите за наредните денови, пренесува ТАСС.

Инаугурацијата на Кавелашвили ќе се одржи денеска во 11 часот во зградата на парламентот, недалеку од претседателската резиденција. Зурабишвили одби да ги признае резултатите од парламентарните избори на 26 октомври, наведувајќи дека изборите биле наместени. Таа, исто така, постојано изјави дека ќе продолжи да ја извршува функцијата шеф на државата и побара реизбор.

Грузискиот сон, кој е на власт 12 години, победи на парламентарните избори во октомври, но опозицијата тврди дека имало нерегуларности и оттогаш организира протести. Парламентот потоа избра нов претседател на Грузија, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Вучиќ до странците кои му предлагале преодна влада: Ниту таква ниту експертска, само српска влада ќе постои

Студентот од Нови Сад кој одби помилување: Обвинителството требаше да не ослободи, а не Вучиќ

А1он

(ВИДЕО) Медиуми: Демонстрантите со жива музика се веселат во Автокоманда

СПЦ: Српските студенти мора да одлучат во кој универзум сакаат да живеат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Снимка од студентската блокада во Белград

Гренел за протестите во Србија: Новата американска влада не ги поддржува оние кои насилно ја преземаат власта

А1он