Илјадници луѓе на протести во Рио и Сао Паоло

Од:

Илјадиници луѓе излегоа на демонстрации во Бразил барајќи повисоки плати за просветните работници и подобри услови за живеење. За разлика од сличните протести од пред една недела, демонстрантите во Рио и Сао Паоло беа главно мирни иако беа региострирани неколку помали инциденти.

Во Сао Паоло маскирани припадници на анархистичката група Црн блок им се приклучија на демонстрантите и фрлаа врз полицијата со шишиња и камења. Полицијата воврати со солзавец и шок бомби, јавуваат локалните медиуми.

До помали судири дојде во Сао Паоло кога демонстрантите се обидоа да дојдат до зградата на Владата. Претходно, активисти на движењето Без покрив над главата, се обидоа да упаднат во зградата на градскиот совет во Сао Паоло, но полицијата ги спречи во намерата.

 

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата