Илјадници Каталонци протестираат против апсењето на членови на разрешената Влада

Од:

Илјадници луѓе вечерва излегоа на улиците на каталонските градови Барселона, Тарагона, Жирона и Леида, за да протестираат против притворањето на осум членови на разрешената регионална Влада на Каталонија.

Врховниот суд на Шпанија денеска им одреди притвор на осуммина членови на разрешената Влада, додека поранешниот министер Санти Вила, кој поднесе оставка пред едностраното прогласување независност на Каталонија, е ослободен со кауција од 50.000 евра.

– Сите во затвор. Чувство за голема неправда. Многу тажен ден за демократијата, напиша на Твитер Жауме Алонсо-Куевиљас, адвокат на Пуџдемон и неговата Европска демократска партија на Каталонија.

Уапсените политичари преку нивните адвокати и на социјалните мрежи повикаа протестите да бидат мирни и нивните приврзаници да избегнуваат секакво насилство.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата