Илјадници граѓани на Лондон излегоа на протест против расизмот

Од:

Илјадници лица, со транспаренти в раце, се собраа денеска на плоштадот пред британскиот Парламент во Лондон во знак на протест против расизмот, и покрај повиците на владата да не се одржуваат собири на големи групи поради стравот за ширење на коронавирисот.

Демонстрантите во намерата да излезат на протестот не ги одврати ниту влажното и ладно време, а организаторите ги предупредија насобраните дека „доколку се тука заради насилството“, тие не се дел од нивната цел.

Тие ги замолија присутните да одржуваат физичко растојание од два метра и да носат заштитни маски, пренесува Би-Би-Си.

Локалните власти денеска ги повикаа граѓаните да избегнуваат протести во Лондон.

Десетици илјади лица во средата маршираа низ центарот на Лондон во знак на протест против расизмот, по смртта на американскиот Афроамериканец Џорџ Флојд во Минеаполис, потсетуваат британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Граѓански протест во Скопје: Улиците не се безбедни, кој е следен?

Во сабота во Неготино протестен марш насловен „Стоп за сообраќајното насилство“

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

Трамп мора да бара „дозвола“ од Лондон за да го купи Гренланд

Вработените во Матица Српска ги поддржаа студентите