Илјадници Филипинци евакуирани поради првиот тајфун сезонава

Од:

Десетици илјади Филипинци ги напуштија своите домови поради првиот тајфун сезонава, пренесоа француските медиуми.

Минувањето на тајфуните преку Архипелагот често пати води до стотици жртви.

Се очекува вечерва средиштето на овој прв тајфун годинава да стигне до регионот Бикол, соопшти Националната метеоролошка служба.

Се очекува Манила и другите густо населени региони утре да бидат зафатени од тајфунот.

– Се подготвуваме за најлошото. Животно важно е евакуацијата да продолжи, соопшти Рафаелито Алехандро, одговарниот за цивилната заштита во сиромашниот регион Бикол со население од 5,4 милиони жители, чиј главен извор на егзистенција се земјоделието и риболовот.

Над 96.000 жители на крајбрежните региони побарале засолниште во центрите за сместување, изјави министерката за социјални грижи и развој Корасон Солиман.

Секоја година Филипини се зафатени од дваесетина бури и урагани, што се формираат над топлите тихоокеански води, од кои многу предизвикуваат и човечки жртви. Минатиот ноември тајфунот Хајлан го однесе животот на 7.300 лица во источниот дел на земјата.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски