Илјадници Европејци протестираа поради забраната на Трамп за имигрантите

Од:

Илјадници Европејци огорчени од забраната на американскиот претседател Доналд Трамп за влез во САД на мигранти од седум доминантно муслимански земји, вчера демонстрираа во повеќе европски градови.

Во Лондон се одржа најмасовниот протест, на кој се собраа околу 10.000 лица, пренесоа француските медиуми.

Илјадници демонстранати маршираа од американската амбасада во Лондон до зградата на Парламентот, барајќи од владата да ја повлече поканата до американскиот претседател за посета на Велика Британија, пренесуваат американските медиуми.

Како што се наведува, демонстрантите извикуваа „Тереза Меј, срам да ти е“.

Критичарите на британската премиерка, Терезa Меј, негодуваат уште од нејзината посета на Вашингтон, кога таа и ги потврди плановите за возвратна посета на Трамп на Обединетото кралство, во текот на летото.

Во Париз и во Берлин на протестите излегоа по околку илјада лица, додека помали собири беа оддржани и во неколку британски градови вклучувајќи ги Манчестер и Бирмингем, пренесуваат француските медиуми.

Повеќе стотици демонстранти се собраа и во шведската престолнина Стокхолм, како и во Барселона.

Би можело да ве интересира

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска