Илјадници граѓани на земјите од ЕУ се водат како исчезнати по катастрофалниот земјотрес во Непал, кој се случи пред неколку дена, изјави денеска амбасадорката на ЕУ во Непал, Ренсје Теринк.
– Најголем број од нив се наоѓале на планинарење во регионот Лангтанг, во близина на епицентарот, истакна Теринк.
Во меѓувреме, западните медиуми објавија дека амбасадорката на ЕУ потврдила оти 12 европски државјани загинале во земјотресот со интензитет од 7,8 степени според Рихтерова скала.
Бројот на загинатите во минатонеделниот земјотрес во Непал се зголеми на 6.204, а повредени се 13.932 лица, соопшти денеска непалскиот Центар за вонредени ситуации.