ИЕА ќе ослободат 60 милиони барели нафта од резервите за итни случаи за стабилизирање на пазарот

Од:

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) соопшти дека земјите-членки се согласиле да ослободат 60 милиони барели нафта од нивните резерви за итни случаи за да го стабилизираат пазарот по руската инвазија на Украина.

Одлуката – донесена од 31 земја членка на управниот одбор на ИЕА – има за цел да „испрати обединета и силна порака до глобалните пазари на нафта дека нема да има недостиг во залихите“ како резултат на конфликтот во Украина, се вели во соопштението.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нови цени на горивата

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски