Чешкиот министер за надворешни работи, Карел Шварценберг кој се кандидира за претседател на изборите во 2013-та година, повторно заспа во јавност. Снимката со заспаниот Карел стана хит на YouTube.
Тој веќе се прослави со заспивањето на состаноци затоа што многу често му се случува да задреме. Менаџерите од енергетскиот пијалок „Камиказа“ се обидоа (неуспешно) фотографиите да ги искористат во својата кампања „Останете на нозе подолго“.
Фотографијата е направена додека Карел спиеше на Безбедносниот форум во Белград во септември минатата година.
Сега на интернет се шири видео од 75-годишниот кандидат за претседател кој спие за време на говорот на Дејвид Рат на 5. јуни во парламентот.
.